| четврток, 6 декември 2018 |

Уредбата од Барцелона за референдум за Мадрид е неуставна

FAH-mas-katalonijaШпанската влада категорично го отфрли одржувањето на референдумот за независност на Каталонија, најавувајќи дека тој нема да се одржи. референдумот според владата во Мадрид, референдумот е противуставен. Се очекува во понеделник забраната да биде формализирана.

-Сите Шпанци треба да одлучуваат што е Шпанија и како ќе се организираат, никој не е енад суверената волја на шпанскиот народ“, порачаа од владата.

Претседателот на шпанската покраина Каталонија Артур Мас потпиша уредба за одржување на референдумот.

Каталонија е богат регион на североистокот на Шпанија а зафаќа петина од територијата. Има посебен јазик и култура и долго се бори за независност. Според анкетите мнозинството Каталонци се за посебност од Шпанија.

Уредбата за референдум е потпишана во зградата на каталонската влада во Барцелона, а околу претседателот Мас стоеа министрите во владата и политичките сојузници во кампањата за независност.
-Каталонија сака да каже, сака да биде слушната. Сега е вистинското време и имаме обврска и правна рамка тоа да го сториме- посочи Мас во говорот на шпански, каталонски и англиски јазик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top