| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска ќе ја имитира Северина

elena

По веста дека нашата популарна пејачка Елена Ристеска ќе учествува на шоуто „Твоето лице звучи познато“, организаторите не сакаа да откријат кои ѕвезди ќе ги имитираат учесниците.

Сепак, успеавме да откриеме кого ќе имитира нашата Елена. Деновиве започна снимањето на ова шоу, а од она што го дознавме не очекува доста интересна сезона на забава и оргинални имитации.

Нашата Елена Ристеска ќе ја има можноста да се најде во кожата на хрватската пејачка Северина, а имајќи предвид дека и двете изгледаат одлично и имаат слична конструкција,со сигурност нејзината имитација ќе биде една од најуспешните.

seve i elena

Што се однесува на останатите учесници Ненад Окановиќ ќе ја имитира пејачката Мирна Радуловиќ, Тања Савиќ ќе биде во улога на Кети Пери, а Неда Украден ќе ја имитира Бијонсе. Драган Којиќ Кеба, повторно е дел од новиот серијал. Во првата епизода ќе го гледаме во вистинска филмска сцена. Тој ќе биде виолинист на кров, а со него на сцената ќе бидат уште 30 играчи. Водител на новата сезона е Бојан Ивковиќ, перкусионистот од “Васил Хаџиманов бенд”.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top