Само поддршка од германската канцеларка Ангела Меркел ќе може да го спаси грчкиот премиер Андонис Самарас од одржување предвремени паралментарни избори, се оценува во анализа на американската агенција „Блумберг“.
Во написот се истакнува дека во услови на противречни оценки на берзанските аналитичари за состојбите на грчката економија, Самарас се обидува да ја убеди Меркел дека Грција пред време може да ја прекине програмата за спас.
– Ако Самарас успее да обезбеди поддршка од Меркел за прекин на програмата за спас, тогаш би можел да најде доволно сојузници и да ја остави партијата СИРИЗА во опозиција уште 18 месеци. Услов за тоа е да ги обезеди неопходните 180 гласа во сегашниот Парламент за избор на нов претседател на држвата или во спротивност земјата ќе оди на нови избори – се наведува во анализата на Блумберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



