| четврток, 6 декември 2018 |

Тест предвидува ризик за шизофренија

Американски научници од Универзитетот Северна Каролина развија тест преку крвта со кој е можно да се утврди присутност за поголем ризик за шизофренија.

Се проценува дека шизофренијата погодува 24 милиони луѓе во светот, отприлика седум од 1.000 луѓе.

Станува збор за развојно ментално пореметување, кое го карактеризира губење на врската со реалноста, халуцинации, ограничен спектар на емоции и нарушено социјално и работно функционирање.

Навремен почеток на третирање на шизофренијата ги зголемува изгледите за избегнување потешки симптоми, што дополнително ја нагласува потребата од рана идентификација на лица со поголем ризик.

Врз основа на двогодишното следење на 67 испитаници, истражувачите издвоиле 15 специфични маркери присутни во крвта со чија помош е можно да се предвиди ризик за шизофренија.

Во истражувањето учествувале 32 пациенти со симптоми кои укажувале на голем ризик за шизофренија и 35 испитаници од контролната група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top