| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски во посета на Индија

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, од денеска е во тридневна официјална посета на Индија, на покана на претседателот на Долниот Дом на индискиот Парламент, Мира Кумар.

Во собраниската делегација се и пратениците Силвана Бонева и Ермира Мехмети.

Вељаноски ќе се сретне со потпретседателот на Индија, Мохамад Хамид Ансари, кој воедно е и претседател на Горниот Дом на индискиот Парламент, како и со државаниот министер за надворешни работи, Принит Кор.

Во рамки на престојот, македонската делегација ќе има работна средба со претседателот и со членовите на Постојаниот комитет за надворешни работи на индискиот Парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top