| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат во официјална посета на Македонија доаѓа српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва доаѓа во Скопје, каде што ќе учествува на работната вечера која ја организираат високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини и македонскиот премиер Зоран Заев, сопштија од кабинетот на Брнабиќ.

Федерика Могерини и премиерот Зоран Заев организираат вечера за премиерите на земјите од регионот на Западен Балкан, на иницијатива на високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедонсна политика за време на нејзината посета на регионот, се наведува во кратката најава од кабинетот на Брнабиќ за нејзината прва посета во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top