| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците се приклучија на кампањата за безбедност во сообраќајот (ВИДЕО)

На денешната собраниска седница пратеници дадоа поддршка и се приклучија кон кампањата за безбедност во сообраќајот.

Pratenici Sobrakaj (1)

Пратениците на денешната расправа носат беџови со знакот односно логото на кампањата “Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ која е актуелна и се однесува за подигнување на јавната свест кај граѓаните учесници во сообраќајот како и потребата од превенирање и укажување на последиците од сообраќајните незгоди.

Pratenici Sobrakaj (4)

Во врска со денешното приклучување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Лилјана Затуровска изјави:

-Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ мислиме дека наша обврска е да поддржиме кампања која се однесува на подигнување на свеста кај граѓаните во сообраќајот. Наша цел и обврска  како пратеници и како директни учесници во сообраќајот е да се обидеме  да придонесеме за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и да се бориме за подобрувње на безбедноста во сообраќајот и сообраќајната култура, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Затуровска.

Pratenici Sobrakaj (3)

Покрај пратениците кои денес се приклучија кон оваа владина кампања, досега својот придонес го дадоа и премиерот Никола Груевски, новинарите и телевизиите, голем број на естрадни уметници и останати личности од јавниот живот во Република Македонија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top