На денешната собраниска седница пратеници дадоа поддршка и се приклучија кон кампањата за безбедност во сообраќајот.
Пратениците на денешната расправа носат беџови со знакот односно логото на кампањата “Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ која е актуелна и се однесува за подигнување на јавната свест кај граѓаните учесници во сообраќајот како и потребата од превенирање и укажување на последиците од сообраќајните незгоди.
Во врска со денешното приклучување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Лилјана Затуровска изјави:
-Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ мислиме дека наша обврска е да поддржиме кампања која се однесува на подигнување на свеста кај граѓаните во сообраќајот. Наша цел и обврска како пратеници и како директни учесници во сообраќајот е да се обидеме да придонесеме за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и да се бориме за подобрувње на безбедноста во сообраќајот и сообраќајната култура, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Затуровска.
Покрај пратениците кои денес се приклучија кон оваа владина кампања, досега својот придонес го дадоа и премиерот Никола Груевски, новинарите и телевизиите, голем број на естрадни уметници и останати личности од јавниот живот во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)
-
Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра





