| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба за Дејвид Боуви во Чикаго

516807_bouvi-foto-reuters_f

Денеска во Музејот на современа уметност во Чикаго се отвора изложба – хроника, пет децении од кариерата на музичарот Дејвид Боуви, пренесува агенцијата АП.

Изложбата под наслов „Дејвид Боуви“ опфаќа повеќе од 400 предмети, вклучувајќи фотографии, насловни страници на албуми, стиховини напишани на рака, оригинални костими, сетови и ретки видео снимки од неговите настапи.

Боуви, еден од најголемите музичари во последните 50 години, низ својата кариера мина низ бројни музички стилови и правци од фолк-рок, преку соул до електорника.

На изложбата ќе биде претставено и оделото кое Боуви го носел како „Зиги Стардаст“, палто со дезен на британската застава кој Александар Меквин ја дизјанирал за насловната страница на албумот „Earthling” од 1997 година.

Музејот „Викторија и Алберт“ од Лондон организираше изложба која во Чикаго ќе биде отворена до 4 јануари.  Изложбата претходно беше во Лондон, Торонто, Сао Паоло и Берлин. После Чикаго се сели во Париз, Холандија и Мелбурн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top