Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека повеќе нема да изнесува лични политички ставови, откако го поддржа референдумот за независност на Шкотска.
Шампионот на Вимблдон од 2013 година неколку часа пред отворањето на местата за гласање за независност на Шкотска по пат на електроските мрежи ја поддржа независноста на неговата држава. Тоа предизвика бурни реакции и остро беше нападнат од неистомислениците.
Сега откако сето тоа помина, Мареј не жали што го сторил тоа, но истакна дека веќе нема да прави така.
– Не жалам што се изјаснив. Мислам дека тоа на сите треба да им биде дозволено. Секако, нема повеќе да го правам тоа – изјави Мареј за „Би-Би-Си“.
– Начинот на кој тоа го направив не личи на мене и обично не правам такви работи – додаде Мареј, кој е роден во Глазгов.
Референдумот за независност на Шкотска не успеа бидејќи 55 проценти од граѓаните не ја поддржаа иницијативата.
Англија и Обединетото Кралство по ова ја забрзаа процедурата за добивање поголема автономија на Шкотска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


