| четврток, 6 декември 2018 |

Влезниците за Брега и Ален од 600 до 1.200 денари

Концертот на Горан Бреговиќ и неговиот „Оркестар за свадби и погреви“, каде специјален гостин е Ален Исламовиќ, неговиот колега од „Бјело дугме“, по повод 40 години од основањето на бендот ќе се одржи на 7 ноември 2014 во арената Борис Трајковски со почеток од 21 часот.

Како што велат организаторите, поради навистина незапаметен интерес за едно концертно случување кај нас во последно време, Авалон Продукција се одлучи да ги пушти влезниците во продажба од 29 септември (понеделник) во 10 часот, преку билет сервисот КупиКартиЗаСе, online преку www.kupikartizase.com, цвеќара Розе Веро2, Камарад-Рамстор и Skopje City Mall.

Цените на влезници по категории се следни:

Партер – 600 денари/ стоење
ФанПит- 900 денари/ стоење (ограничен број само 500 влезници)
Трибина- 800 денари/ седење(блок1,2,5,6,7,8,9,10,11,14 и 15)
Golden Seats- 1000денари/ седење(блок 3,4 и 12)
Вип – 1200 денари/ седење(блок 13)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top