| четврток, 6 декември 2018 |

„Бјело дугме“ докажа дека остана најпопуларен бенд кој воопшто постоел на овие простори

„Ночас је ко лубеница, пун Мјесец изнад Босне“ го отвори синоќешниот концерт на „Бјело дугме“-групата која беше и уште еднаш докажа дека остана најпопуларен бенд кој воопшто постоел во Југославија и еден од највлијателните состави на Југословенската рок сцена.

Се нижеа „Пљуни и запјевај“, „Ружица“, „Не спавај мала моја“, Лоше вино“, „Има нека тајна веза“,„Лажеш злато, лажеш душо“, „Ради, радио“…и уште безброј наслови кои присутните ги вратија во годините кога „Бјело дугме“ полнеше стадиони за своите концерти. И синоќа салата „Борис Трајковски“ беше претесна за посетителите од цела Македонија, но и оние кои пристигнаа од  соседните Србија и Бугарија.

17883667_1441885705881381_4536061566190983784_n

Брега , Ален и Тифа два и пол часа ја држеа публиката на нозе со одлични преработки на „Ѓурѓевдан“, „Сањао сам ночас да те нема“, „Чирибирибела“… а публиката во која можеа да се забележат фанови на Дугме од различни возрасти заедно со нив ги пееја стиховите – од најстарите на првиот албум во 1974 (Кад би био бјело дугме) до хитовите од последниот (Чирибирибела) од 1989 година до кога сараевскиот бенд беше активен. Разиграната публика двапати со аплаузи ги врати на бината и тие и возвратија со четири песни за бис, а со последната – „Ружица си била“ го завршија концертот пред полноќ.

17883876_1441887542547864_1531657605769359206_n

-Се надевам ќе ја паметите оваа убава ноќ во Скопје, како што ќе ја паметиме и ние, рече Горан Бреговиќ. На сцената тој беше со својот оркестар на труби, придружен од тамбураши, виолинисти и хор, за кои песните од опусот на „Бјело дугме“ беа преаранжирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top