| четврток, 6 декември 2018 |

Тесната облека е штетна за здравјето

Тесната облека негативно влијае на природните функции во телото, како што се дишењето, крвотокот и варењето на храната.

obleka

Тесните фармерки, панталони и долна облека може да предизвикаат воспаленија на женскиот полов орган, а со оглед на тоа што зачестеноста на инфекции е поголема, ова „врска“ има и медицински назив „синдром на тесни панталони“.

Две големи независни истражувања уште во далечните осумдесетти, едно спроведено во Нигерија на 365 жени, а другото во САД на 203 жени, известуваа за почестата појава на вагинални габични инфекции кај жените кои носат тесни фармерки и долна облека, отколку кај оние кои носат покомотна памучна облека.

Тесната облека ја ограничува циркулацијата на воздух, создавајќи на тој начин топло и влажно окружување идеално за развој на габи, така што најчестата вагинална инфекција кандида е речиси загарантирана.

Современата медицина предупредува дека денешната мода би можела да доведе до слични последици кои ги имале жените кога носеле корсети, ако не внимаваме што носиме.

Тесната облека влијае на природните функции во телото, како што се дишењето, крвотокот и варењето. Поради тесната облека дишењето станува потешко, крвотокот забавува, а со самото тоа низ нашето тело кружи помалку кислород, ни паѓа концентрацијата, стануваме уморни, летаргични, мрзеливи.

Поради неможноста за правилно дишење, може да се јави хипервентилација односно забрзано дишење и напади на паника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top