| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки го добија последниот противник во групата од Лигата на шампионите

Хрватскиот тим Подравка ја комплетираше групата во која се наоѓа ЖРК Вардар во Лигата на шампионите.
По победата во денешниот дуел од квалифакискиот турнир над Раднички од Крагуевац од 28-24 младите хрватки им се приклучија на Вардар, Будуќност и Турингер во групната фаза преку квалификациите. Подравка најпрвин ја совлада екипата на Бајсен со 31-23, а Раднички беше подобар од Митјиланд со 29-25.
ЖРК Вардар и Подравка силите ќе ги одмерат во третото и четврото коло од групата односно на во последниот викенд од октомври во Хрватска и веќе следниот меч е закажан во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top