Австралиските гранични служби ја сопреле сестрата на озлогласениот сиднејски џихадист Мохамед Еломар при обид со авион да ја напушти земјата и да отпатува на Блискиот Исток, пишува „Дејли Телеграф“.
Дваесет и деветгодишната сестра на Еломар била сопрена при обидот да се качи на авионот за Дубаи заедно со своите две деца.
Весникот наведува дека разузнавачките агенции ја сметаат за „лице од интерес“ поради што веднаш биле алармирани кога го употребила својот пасош. После испрашувањето, таа е пуштена на слобода, пасошот и е вратен, но е спречена да ја напушти земјата.
Разузнавачки извори тврди дека жената се наоѓа на „црната листа“ за летање поради блиските контакти со својот брат, кој е познат по своите брутални терористички активности во Ирак и Сирија, вклучувајќи ги и неколкуте фотографии на кои држи отсечени глави на сириски војници.
Пријатели на семејството потврдија дека таа бил спречена да ја напушти земјата. Сепак, тврдат дека властите направиле грешка, бидејќи таа не планирала да отпатува за Ирак или Сирија, каде што нејзиниот брат се бори со Исламската држава.
-Тоа беше грешка. Таа не патува таму. Патува од други причини – изјави еден пријател.
„Дејли телеграф“ се обидел да контактира со жената, чие име не се открива, но нејзе не и е дозволено да зборува за инцидентот.
Се претпоставува дека Еломар отпатувал на Блискиот Исток заедно со својот помошник, садистот Калед Шароуф, кој минатата година во декември ја напуштил земјата, користејќи го пасошот на својот брат. Двојката оттогаш стана лицето на злото на социјалните медиуми, каде редовно објавуваат фотографии од своите злосторства. Кога се откри дека замина за Сирија, неговата сестра тврдеше дека отпатувал за хуманитарни цели.
Семејство Еломар се откажа од него, откако дозна за бруталностите кои ги врши заедно со ИС.
– Многу ми е лошо кога го гледам на вести. Многу сум посрамен. Не сум горд -изјави татко му на Момдох Еломар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.