| четврток, 6 декември 2018 |

Другарите со порака до Немања: „Издржи, со тебе сме“!

„Сите сме со тебе, знаеме дека си издржлив. Ќе бидеш подобар“ – му порачаа другарите на  Немања М. (11), на кого му паднал голот на игралиштето во Барајево.

Несреќното дете и натаму е во тешка состојба, а во текот на вчерашниот ден е префрлен од Ургентниот центар во Детската клиника во Белград.

– Многу ми е жал што се случи ова, но знам дека е издржлив и дека ќе ја приживее несреќата, вели неговиот другар Лука со солзи во очите.

За потсетување, врз детето во средата околу 19 часот падна металниот гол кога тоа се фати за неговата шипка. Голот му падна врз главата и тешко му го повреди черепот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top