| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидентот меѓу Ријана и Крис Браун инспирација за нова епизода од серијата „Закон и ред“

Серијата „Закон и ред: оддел за жртви“ пронајде инспирација во љубовната приказна на Крис Браун и Ријана. Всушност, приказната беше љубовна до 2009 година кога Крис брутално ја претепа. А, токму тој инцидент им послужил како инспирација на сценаристите за нова епизода од серијата.

Засега непознат пријател на Крис Браун изјавил: „Крис тоа сигурно не го знае. Тажно е што туѓите проблеми служат за нечија инспирација“.

Навистина се надеваме дека оваа епизода нема повторно да го разлути, па да изненади со нов инцидент бидејќи епизодата предвидува трагичен крај за младата двојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top