| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово откриени 1.203 стебла марихуана

marihuana

Службеници од СВР Тетово вчера открија и искорнаа вкупно 1.203 стебла од  растението „канабис сатива“.

Најголемиот број од стеблата биле  пронајдени на три различни локации, односно парцели во атарот  на село Порој, поточно во месностите Табачница  и Големо дрво, а 40 стебла биле искорнати на друга локација  покрај патот што ги поврзува селата Џепчиште и Требош. Сите стебла, со различна големина од четириесет сантиметри до  два и пол метри, во координација со јавен обвинител, подигнати  се и донесени во СВР Тетово.

Инаку, овие активности се во рамките на континуираната акција која минатиот и овој месец интензивно ја спроведуваат полициските службеници на СВР Тетово, а во која досега вкупно беа откриени и искорнати околу 3.000 стебла „канабис сатива“, од кои близу 2.000 на тетовското и 1.000 на поширокото гостиварско подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top