
Службеници од СВР Тетово вчера открија и искорнаа вкупно 1.203 стебла од растението „канабис сатива“.
Најголемиот број од стеблата биле пронајдени на три различни локации, односно парцели во атарот на село Порој, поточно во месностите Табачница и Големо дрво, а 40 стебла биле искорнати на друга локација покрај патот што ги поврзува селата Џепчиште и Требош. Сите стебла, со различна големина од четириесет сантиметри до два и пол метри, во координација со јавен обвинител, подигнати се и донесени во СВР Тетово.
Инаку, овие активности се во рамките на континуираната акција која минатиот и овој месец интензивно ја спроведуваат полициските службеници на СВР Тетово, а во која досега вкупно беа откриени и искорнати околу 3.000 стебла „канабис сатива“, од кои близу 2.000 на тетовското и 1.000 на поширокото гостиварско подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


