Од 9 до 16 март во галеријата „Мејбери фајн арт“ во Винипег, Канада, ќе се одржи продажна изложба „Леонард Коен – поетот и сликарот“ – репродукции од Коеновата лична архива.
Најчести теми на цртежите се – нормално – жени, необична мртва природа (милје и очила), но и автопортрети со доза на иронија. Особено е хумористична онаа со ориентална танчарка, посветена на неговиот зен-учител Роши, со текстот: „Извини што не можам да ти помогнам затоа што ја сретнав оваа жена. Прости ми за себичноста“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.