Во Македонија денеска ќе пристигне 19-та група волонтерите од американската владина организација Мировен корпус.
Групата брои 44 волонтери, коишто во следните две години ќе работат на волонтерска основа во два сектора во Македонија: унапредување на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта во државата, и во секторот Развој на заедниците во повеќе опшптини и невладини организација низ Македонија.
Инаку, традиционално македонско добредојде на волонтерите во понеделеник ќе им посака заменикот амбасадор на Америка во Македонија со што официјано ќе почне нивната 11-неделна интензивна обука, интегрирана во четири заедници и водена од македонски инструктори.
За време на 11-те недели, тие ќе живеат во семејства од локалните заедници и ќе ги изучуваат македонскиот и албанскиот јазик, ќе се запознаат со различните култури и традиции во Македонија, и ќе се стекнат со вештини и знаења од полето на нивната идна стручна работа во Македонија.
Мировниот корпус е агенција на Владата на САД основана во 1961 година од страна на претседателот Џон Кенеди. Во Македонија е присутна од 1996 година врз основа на меѓудржавен договор.
Во текот на 17 години во Македонија Мировниот корпус остварува интензивна и мошне успешна соработка со Министерството за образование, со Министерството за труд и социјална политика, како и со Министерството за локална самоуправа.
Досега во Република Македонија служеле повеќе од 400 волонтери, коишто по комплетирањето на својата служба, заминале од Македонија како нејзини големи пријатели и вистински „амбасадори“ на Македонија во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.