| четврток, 6 декември 2018 |

Млад штипјанец се напил, повратил и се задушил

stipjanec

Дваесет и шест годишен Штипјанец несреќно починал откако се напил алкохол во поголема количина и потоа заспал и веќе не се разбудил, пишува „ТВ Стар“.

М.С. бил во друштво на забава, каде што во стан се забавувале до раните утрински часови. Потоа сите заспале. Додека спиел, М.С. обилно повратил од што и се задушил. За жал никој од пријателите во собата не се разбудил и не успеале да му помогнат.

Откако сите се разбудиле, доцна попладнето дознале што всушност се случило со нивниот пријател. Веднаш повикале брза помош и полиција, но веќе било доцна за каква било интервенција. Полицијата вчера повеќе часови биле присутни во станот, но официјални информации се уште немаат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top