Кучето Зевс од расата германска дога, кое беше запишано во Гинисовата книга на рекорди како највисокот куче на светот, почина пред да наполни 6 години.
Тој беше запишан во Гинисовата книга на рекорди поради својата висина од неверојатни 112 сантиметри.
Зевс беше тежок 70 килограми, точно колку еден просечен човек, а исправен на предните нозе достигнуваше висина од 2 метри.
Тој го собори рекордот на Џинот Џорџ, кој исто така беше од расата германска дога.
Сопствениците на Зевс велат дека многу ќе им недостасува, истакнувајќи дека зад грубата надворешност, тој бил многу мирно и послушно куче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


