| четврток, 6 декември 2018 |

Ја измамиле да биде жирант

полиција

Двајца прилепчани измамиле сограѓанка да биде жирант на непостоен кредит.

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава за Р.П. (57) и за В.Д.(58), двајцата од Прилеп, за сторени кривични дела измама и фалсификување исправа. Кон крајот на 2007 година, Р.П. со лажно прикажување ја довел во заблуда Н.Р. од Прилеп, пријателка на неговата сопруга, да му биде жирант при подигнување кредит, а откако таа се согласила, В.Д. изготвила фиктивна потврда дека Н.Р. е наводно вработена во фирма од Прилеп, како и лажна апликација за потрошувачки кредит во Стопанска банка – филијала Крушево. По ова, Р.П. и Н.Р. отишле во Стопанска банка, каде што Н.Р. потпишала апликација за кредит како кредитобарател во износ од 250.000 денари, а паричните средства пријавените ги подигнале за свои потреби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top