| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Донесен е правилник за усовршување на итната медицинска служба

Министерството за здравство донесе правилник за функционирање на итната медицинска служба, кој предвидува практични обуки и дежурства за сите доктори и медицински сестри во Ургентните центри од 15 септември годинава.

todorov

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здрaвство, Никола Тодоров, додавајќи дека 15 доктори од 15 градови низ Македонија ќе заминат на дополнителна едукација во Измир, Турција.

– Идејата е сите медицински лица во Ургентните центри да видат како функционираат нивните колеги од другата страна и да се стекнат со реални знаења и вештини, како и да се согледаат пропустите кои се правеле во текот на претходното работење – рече Тодоров.

Тој нагласи дека секој доктори и сите медицински сестри од 15 септември ќе бидат задолжени да дежураат по една смена два пати месечно, а коминикацијата во Ургентните центри отсега ќе се врши преку тетра-комуникациски системи, со цел да не се губи скапоцено време при трансферот и примопредавањето на пациентите.

Дневно во Ургентните центри во Скопје се донесуваат по околу 20 пацинети кои се во животнозагрозувачка состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top