Како што и најави пред извесно време, поранешниот вицепремиер, министер за здравство, како и за обраование и наука, Никола Тодоров стана адвокат и ја отвори новата адвокатска канцеларија.
Никола Тодоров вчера свечено ја отвори својата адвокатска канцеларија, сместена во Капиштец. Информацијата беше споделена на социјалната мрежа Фејсбук, каде беше споделена и фотографија на Тодоров во друштво на својот брат Мартин, со синовите и пријатели.
Триесет и осумгодишниот Тодоров е дипломиран правник. Тој во 2002 година дипломираше на правниот факултет во Скопје, насока „Граѓанско право“. Во своето обраќање неодамна преку социјалните мрежи, при поднесувањето на оставка од функцијата пратеник, Тодоров напиша дека одлучил во иднина да се посвети на неговата основна професија, адвокат.
-Имајќи во предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, напиша Тодоров во својот пост на Фејсбук.
Тодоров во периодот од јули 2009 до јули 2011 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука, додека во периодот од јули 2011 до јуни 2017 година беше министер за здравство.
Тодоров е еден од најуспешните министри во Владите на ВМРО-ДПМНЕ, со многу успешно реализирани проекти како во образованието, така и во здравството. Тодоров беше носител на најголемите реформи во овие два ресори во Македонија.
Во време на Тодоров се основа првата државна кардиохирургија, се отвори ПЕТ центарот, македонски доктори одеа бесплатно на обуки во странство, многу болници се реновираа и се изградија нови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Пиштолот со кој Љупчо Стојановски пукаше во Тодоров даден на вештачење, не се знае како го набавил
-
Груевски и Тодоров разговaрaa по обидот за атентат
-
Обраќање на Груевски по обидот за атентат врз Тодоров (видео)