| четврток, 6 декември 2018 |

Побегнаа два волка од Зоолошката во Битола

Денеска побегнаа два волка од своето живеалиште во Зоолошката градина во Битола , пренесува локалната телевизија „Тера“.

Едниот волк, како што за изјави директорот на градината Коста Нешовски, бил застрелан во обидот за бегство, а другиот заминал во шумата над Тумбе кафе.

Другите два, кои, исто така, биле сместени во живеалиштето, се префрлени во кафез.

Директорот Нешовски вели дека и ним не им е јасно како волците успеале да ја пробијат оградата. За случајот ја известиле битолската полиција, а нивните чувари се во состојба на готовност и ги презеле сите безбедносни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top