| четврток, 6 декември 2018 |

Валур Сигурдсон: Нема да биде лесно против Македонија

Најдобриот исландски ракометар, Валур Сигурдсон, смета дека неговата репрезентација нема да има лесна задача во пресметката со македонскиот национален тим. Во ситуација откако веќе загубија со Русија, на Исланѓаните им е јасно дека немаат друг избор освен да слават над Македонија доколку сакаат да го избегнат четвртото место во групата, а со самото тоа и пресметката со Франција во осминафиналето.

 -Овој меч е можеби најважниот за нас на овој шампионат, бидејќи не смееме да си дозволиме нов пораз. Секој сака да ја избегне Франција, а ние не сме исклучок, затоа ќе мораме да славиме над Македонија. Нормално дека нема да биде лесно, имаме против себе многу тежок ривал предводен од Кире Лазаров, кој е еден од најдобрите ракометари во светот. Според мене, шансите се 50-50, а она што е јасно е дека ќе мораме да дадеме 100% од своите можности ако сакаме да се надеваме на триумф. Ќе мораме да инсистираме да ја наметнеме сопствената игра, можеби е клише, но најсилни сме кога голманот добро брани, одбраната функционира одлично и создаваме ситуации од лесни голови од контра и полуконтра. Тоа е рецептот за успех и против Македонија, што ќе се обидеме да го спроведеме во дело на утрешниот меч – изјави за ЕКИПА крилниот ракометар на Кил, кој што успешно се снаоѓа во улогата на лидер на исландскиот национален тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top