Досега супериорната Шпанија против Франција го доживеа првиот пораз на светското првенство во кошарка и ќе се бори само за пласман од петто до осмо место на домашен терен.
Ослабениот европски шампион Франција, која на шампионатот игра без првата ѕвезда Тони Паркер, им дозволи само 52 поени на Шпанците и се пласираше во полуфиналето каде ќе се сретне со репрезентацијата на Србија.
Французите играа одлично од самиот почеток кога поведоа со 12:2. Шпанците вратија со серија од 10:0, за првата четвртина да завшри нерешено.
Во втората четвртина Французите одиграа одлично во одбраната не дозволувајќи домаќините да дадат ни 30 поени во првиот дел. Во третата четвртина Шпанците се вратија дури и поведоа со еден поен но сепак на крајот Французите пружија одлична партија со што ја смирија публиката која беше на страна на Наваро и другарите.
Главните причини за поразот на фаворитот пред се е слабиот шут за три, каде домаќините имаа само 2 погодени од 21 обиди за тројка, а Французите имаа и 22 скока повеќе.
За влез во финалето Франција ќе мора да ја победи Србија која денеска го уништи Бразил, а во другото полуфинале ќе се борат репрезентациите на САД и Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.