| четврток, 6 декември 2018 |

Полубратот на Обама објави мемоари, во кои вели: Барак беше неуморен идиот!

Полубратот на американскиот претседател во својата нова книга открил детали од неговото недоразбирање со Барак Обама, кое наводно трае уште од 1988 година, кога претседателот на САД за прв пат ја посетил Кенија во потрага по информации за неговиот покоен татко Барак Обама Сениор.

Таткото на првиот афроамериканец на чело на САД, ги напуштил него и неговата мајка кога Барак бил дете. Неговиот полубрат, Марк Обама Ндесандџо, тврди дека нивниот татко бил насилен алкохоличар, кој откако го добил вториот син со новата сопруга, погинал во сообраќајна несреќа во 1982 година.

Марк во книгата опишува како со својот постар полубрат се нашол во индиски ресторан во Најроби. Вели дека го прашувал дали воопшто знае што им правел нивниот заеднички татко, на што Барак наводно одговорил: “Не знам и не ме интересира”.

-Едвај се познававме, а тој копаше по темните времиња на моето минато, ми поставуваше интимни прашања. Беше неуморен идиот, пишува Марк во својата книга, која треба да биде објавена на 16. септември

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top