Хрватската водителка Николина Пишек (38) ќе се породи за три месеци во Белград во една клиника каде веќе за неа е резервиран апартман, а нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ ќе присуствува на породувањето.
Како што пренесуваат српските медиуми Николина поминала голема голгота додека останала бремена. Убавата водителка забременила со вештачко оплодување, што не е реткост, но во нејизниот случај и претходела комплицирана операција.
Поради цисти на јајниците кои и создавале тешки здравствени проблеми, водителката била оперирана во Белград. По неколкудневно закрепнување таа била пуштена од болница. Николина и Видое врската ја започнаа пред две години.
Ова е втор брак на познатата водителка, а на нејзиниот сопруг прв.
– Вистина е дека имав операција но на моите приватни работи не би сакала да им придавам значење во јавноста – изјавиал во една прилика водителката.
Николина од првиот брак ја има 16-годишната ќерка Хана, а Видое ја има ќерката Матеа (4).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изгубена во преводот – ова е причината поради која Пишек доби отказ
-
Нема да се спуштам на твое ниво – Продолжува расправијата меѓу Тржан и Николина Пишек
-
Расплакана заминала од телевизијата – не се знае зошто Пишек дала отказ
-
Единствена од Балканот: Николина Пишек на хуманитарната забава на Леонардо ди Каприо