| четврток, 6 декември 2018 |

Николина Пишек бремена, чека девојче

Хрватската водителка Николина Пишек (38) ќе се породи за три месеци во Белград во една клиника каде веќе за неа е резервиран апартман, а нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ ќе присуствува на породувањето.

Како што пренесуваат српските медиуми Николина поминала голема голгота додека останала бремена. Убавата водителка забременила со вештачко оплодување, што не е реткост, но во нејизниот случај и претходела комплицирана операција.

Поради цисти на јајниците кои и создавале тешки здравствени проблеми, водителката била оперирана во Белград. По неколкудневно закрепнување таа била пуштена од болница. Николина и Видое врската ја започнаа пред две години.

Ова е втор брак на познатата водителка, а на нејзиниот сопруг прв.

– Вистина е дека имав операција но на моите приватни работи не би сакала да им придавам значење во јавноста – изјавиал во една прилика водителката.

Николина од првиот брак ја има 16-годишната ќерка Хана, а Видое ја има ќерката Матеа (4).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top