| четврток, 6 декември 2018 |

Изгубена во преводот – ова е причината поради која Пишек доби отказ

nikolina

Николина Ристовиќ пред две недели потврди дека решила да го напушти местото на водителка на српската ТВ Прва, а тогаш тоа го објасни како нејзина желба да направи мала пауза.

Во солзи изјави дека и е многу жал поради екипата со која соработувала, а сега ја сотава зад себе. Српските медиуми пак откриватат дека до престанок на деловната соработка дошло поради проблемот со нејзниот говор, односно фактот дека не сакала да зборува српски.

-Постојано ја поправаа и враќаа. Не сакаше да ги чита најавите како што се напишани, туку го форсираше хрватскиот јазик – тврди информиран извор.

Од телевизијата нагласувават дека договорно се разделиле и дека одредени корекции биле вообичаени за професијата.

-Држиме до стандардот на нашата телевизија, па ги поправаме сите водители. Она што го поправавме кај Николина е во склад со вообичаените стандарди до кои треба да се придржува секој професионален водител – рекле од Прва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top