| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да се спуштам на твое ниво – Продолжува расправијата меѓу Тржан и Николина Пишек

По инцидентот во емисијата „Ексклузив“ кога пејачката Гоца Тржан го напушти студиото по неколкуте незгодни прашања кои и ги постави водителката Пишек, сега вербалната војна помеѓу нив продолжила преку медиумите. Пишек во едно интервју неодамна изјавила дека Гоца Тржан го исценирала целиот инцидент.

– По инцидентот со Тржан, мислам дека дојде време да проговорам за тоа. Бев во шок кога прочитав дел од нејзините изјави за тоа. Пред се, јас никогаш не би и поставила такви прашања, туку му се спротиставив на уредникот. Потоа се согласив да ги поставам, а изјавите на Тржан дека сама сум ги припремила воопшто не се точни, објаснила Пишек.

Сепак, српската пејачка немала добри зборови за водителката.

– Немам намера да се спуштам на нејзино ниво. Ако сака маркетинг, наведете дека мојот коментар е дека се што таа рекла е точно, нервозно одговорила Тржан за српски Телеграф.

Инаку, пред две недели Пишек ја напуштила емисијата на телевизијата Прва, бидејќи како што изјавила, ги надраснала емисиите од таков формат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top