| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: На домашен терен сме фаворити против која било екипа (видео)

В сабота, од 20.15 часот, на програмата е ракометен спектакл, Вардар на домашен терен го пречекува Металург во првото коло од СЕХА-лигата. Капитенот на „црвено-црните“ изјави дека оваа година се фаворит против која било екипа од Европа.

Vardar rakomet pres 02 (Custom)

– Почеток на сезоната е, тимовите сѐ уште не го давааат најдоброто од нив, сѐ уште траат подготовките и ние и нашиот противник се подготвуваме да го дадеме најдоброто во ЛШ. Не дека не е важна СЕХА, но на прво место е ЛШ. Сепак, одиме на победа, зашто оваа сезона сме поквалитетни од минатата, со засилувања што имаат богато искуство и имаат освојувано многу пехари. Играме на домашен терен и оваа сезона може да се прогласиме фаворит против која било екипа во Европа, па и против Металург кога играме пред нашата публика. Нѐ победија на последните два меча, Автокоманда и Струга, треба ја прекинеме таа серија изјави капитенот Филип Лазаров.

На турнирот што неодамна се играше во Струга, Металург беше подобар од екипата на Вардар, но како што вели Раул Гонзалес, овој натпревар е сосема поинаков, бидејќи тој бил како пријателски меч.

– Тоа беше пријателски меч, ова е СЕХА, различно е. Ние почнавме подоцна со подготовките и формата оттогаш е порасната. СЕХА-лигата ни е важна затоа што сега ние сме шампиони. Целта и оваа година ни е да бидеме во Ф4. А за да го направиме тоа треба да победуваме на вакви натпревари, за да ја подобриме нашата игра изјави Раул Гонзалес.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top