Најпопуларната Грчка партија СИРИЗА на Ципрас е загрижена од иницијативата на Германија за Западниот Балкан.
Партијата која која според анкетите за 1 до 2 % е во предност пред Неа Демократија на Самарас реагира по заклучоците од Конференцијата за Западен Балкан во Берлин.
Ципрас и неговите другари прашуваат зошто Грција не била поканета на конференцијата, каде било спомнато прашањето за името, алудирајќи притоа дека Германија може без консултации со Атина да преземе финална иницијатива за решавање на долгогодиниот спор за името.
Членовите на СИРИЗА се загрижени и зошто во Берлин не биле споменати преговарачкиот процес со посредство на ОН и одлуките на Европскиот совет, според кои прашањето за името е вклучено во рамката за почитување на добрососедските односи и промовирање на регионалната стабилност и е предуслов за пристапни преговори.
Загриженоста на Ципрас и неговата партија која што лесно може да се случи на наредните избори да дојде во ситуација да формира нова влада кај јужниот сосед е пред се поради јасните германските обиди за ја заземе лидерска позиција на Балканот.
Според СИРИЗА организација на ад хок форуми вон рамката на ЕУ, исклученото учество на земји членки на Унијата и поделбата на улоги на земјите од Западен Балкан е опасност затоа што исклучувањето на Атина од регионалните процеси може да ја доведе земјата во делумна изолација и неможност да влијае на проблемите согласно својата надворешна агенда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“?
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос


