Српскиот фудбалер Немања Видиќ уште на првиот натпревар во дресот на Интер заработи црвен картон поради кој ќе паузира на мечот против Сасуоло во второто коло од Серија А.
Дисциплинската комисија го казнила дефанзивецот на Интер со еден меч неиграње поради исклучувањето на натпреварот против Торино кое го заработи поради иронично аплаудирање на судијата.
Видиќ очигледно бил нервозен поради лошото судење, односно за пеналот кој го досуди судијата откако напаѓачот на Торино таетрално падна во казнениот простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


