Младоженец од Штип заедно со неговата сестра, невестата и кумовите се затруле од храна купена во позната сендвичарница во строгиот центар во Скопје и завршиле на инфективното одделение во Штипската болница. Анализите на мострите од сендвичарницата се во тек, и доколку се потврди дека се работи за труење штипјанецот Лазар вели за „Вечер“ дека ќе поднесе тужба.
Според него, причина за труењето била храната што ја јаделе во Скопје, бидејќи пред да си заминат за Штип, купиле сендвичи од една позната сендвичара лоцирана во центарот на Скопје, по што почнала нивната „одисеја“.
Доколку лабораториски се потврдат сомневањата дека храната е контаминирана со оваа опасна стомачна бактерија, тој најави дека ќе бараат отштета од сопственикот, менаџерот на сендвичарницата, односно ќе поднесат тужба за сите стресови и последици што ги имаат од труењето.
Според неговите информации, сендвичарницата била затворена, но по денешната обиколка на „Вечер“ на самото место утврдиле дека таа работи со полна пареа. Лазар не сакаше да го обелодени името на сенвичарницата предвреме, во интерес на објективното информирање, за да можат инспекторите, без притисоци да си го сработат својот дел од обврските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


