| четврток, 6 декември 2018 |

Кобна вечера во Босна, кошаркарите на МЗТ со труење од храна се враќаа кон Скопје

mzt 2

Дел од кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и нивниот тренер Александар Јончевски добиле труење со храна по вечерата во хотелот каде што во релаксирана атмосфера ја прославувале победата над Игокеа остварена вчеравечер во Лакташи, пренесе МИА.

Првите симптоми се појавила пред влегувањето во автобусот пред враќањето за Скопје. Патувањето поминало со чести паузи поради повраќање и дијареја. Најпогодени од труењето биле тренерот Јончевски, Горјан Марковски, Љубомир Младеновски и Марко Љубичиќ. Тие по пристигнувањето во Скопје добиле инфузија по што состојбата им се стабилизирала.

Неофицијално, станува збор за труење со бактеријата салмонела.

И покрај здравствените проблеми, се очекува сите „погодени“ да можат да одговорат на обврските на следниот натпревар на МЗТ в недела против Сутјеска во Скопје.

МЗТ Скопје Аеродром по победата над Игокеа (86:70) се искачи на петтата позиција на табелата во АБА-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top