| четврток, 6 декември 2018 |

Шарлиз Терон: Најдобрите години за жените се 40-тите

Таа важи за една од најубавите жени во светот, а откако овој месец август наполни 39 години и  è на прагот од 40-тата година од својот живот, шармантната актерка Шарлиз Терон  за странскиот моден медиум WWD открива како се чувствува. Русокосата убавица веќе 10 години е заштитно лице на престижниот Диор, а ужива и привилегија на домашна адреса да и стигнуваат скапоцени фустани.

-Неверојатно сум среќна и се чувствувам исполнета, млада и здрава, зарем тоа не е најважно?! Кога веќе ме прашувате за сите скапоцени фустани што ги поседувам можам да ви кажам  сум сигурна дека повеќето од нив нема никогаш да ги облечам, вели актерката и додава дека многу гардероба им поклонува на пријателките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top