| четврток, 6 декември 2018 |

Еболата стигна и во Сенегал

Во Сенегал е потврден прв случај на заболен од ебола, соопштила тамошната министерка за здравство.

Станува збор за млад човек – граѓанин на Гвинеја, Западноафриканска земја која граничи со Сенегал. Тој извесно време престојувал и живеел во Сенегал.

Оваа епидемија прво се појави во Гвинеја во март годинава, а потоа се прошири и на териториите на Сиера Леоне, Либерија и Нигерија.

До сега, од ебола починаа над 1.500 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top