| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул го заврши настапот во Белгија

Македонскиот тенисер Димитар Грабул, е поразен во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Де Пан, Белгија. Тој денеска загуби со 2:0 во сетови од белгискиот тенисер Жулиен Дубе.

Ова беше нивни петти меѓусебен дуел и Дубе повторно е во предност од 3:2 во победи. Првиот сет белгискиот тенисер го доби во тај брек со 7:6 и 7:5 на поени, додека вториот му припадна со 6:3.

Грабул за пласманот во четвртфиналето ќе освои два бода.

Попладнево меч во четвртфиналето на фјучрсот на Златибор ќе игра и Томислав Јотовски против Арсение Златановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top