
Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Жо-Вилфред Цонга забележаа лесни победи во второто коло на УС Опен. Најубедлив од носителите беше првиот фаворит на турнирот Новак Ѓоковиќ, кој за помалку од 90 минути игра го декласира Пол-Анри Матије. Српскиот тенисер на Матије му препушти само четири гема во трите сета (6-1, 6-3, 6-0).
Мари со 6-4, 6-3, 6-3 го совлада Матијас Бачингер, додека Цонга речиси со идентичен резултат 6-3, 6-4, 6-4 го победи Казахстанецот Александер Недовјесов.
Второто коло го минаа и домашните тенисери Џон Изнер и Сем Квери кои забележаа победи на Јан-Ленард Штруф, односно Гиљермо-Гарсија Лопез.
Кеи Нишикори и Филип Колшрајбер на теренот минаа два, односно еден сет пред нивните противници Пабло Андухар односно Микаел Љодра да им ги предадат мечевите.
Пласман во третата рунда, во пет сета, изборија Томи Робередо против Симоне Болели, односно Александар Кузњецов против Фернандо Вердаско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


