Поранешниот репрезентативец на Србија, Никола Жигиќ во текот на утрешниот ден ќе стави потпис на договорот со лондонски Арсенал.
Оваа информација, под ознаката „ексклузивно“ ја пренесе весникот „Спортски журнал“. Изворот на овој весник вели дека, Арсен Венгер сепак одлучил да го ангажира високиот напаѓач.
Никола Жигиќ би требало во Арсенал да го замени Жиру кој ќе паузира најмалку три месеци поради тешката повреда.
Арсенал нема да треба да плати ништо за 33-годишниот напаѓач, бидејќи е слободен играч. Жигиќ од 2010 до 2014 година играше за Бирмингем за кого на 128 натпревари, постигна 32 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин


