| четврток, 6 декември 2018 |

Ми­сте­ри­оз­ни­те под­зем­ни ход­ни­ци во Кра­то­во ќе ста­нат ту­ри­стич­ка атрак­ци­ја

. Ход­ни­ци­те не са­мо што ги по­вр­зу­ва­ат ку­ли­те, ту­куво­дат и до руд­ни­кот за зла­то. Во Ма­ке­до­ни­ја има мал­ку ва­кви ту­не­ли, апоз­на­ти се са­мо тие под Иса­рот во Штип и Бал­те­пе во Те­то­во.  

Кра­то­во е град за кој по­сто­јат го­лем број ле­ген­ди.Ед­на од нив е де­ка име­то го до­бил по тоа што бил из­гра­ден врз кра­тер од из­гас­нат вул­кан.

Тоа се гле­да и по са­ми­те кар­пи на кои се из­гра­де­ни об­је­кти­те во овој град. Не­ма ку­ќа што не е на­пра­ве­на со пот­по­рен ѕид би­деј­ќи це­ла­та по­вр­ши­на е не­рам­на -рас­ка­жу­ва­атжи­те­ли­те.Тие до­да­ва­ат де­ка е нај­ин­те­рес­но тоа што гра­дот,иа­ко е мал,не мо­же да се ви­ди во це­лост и де­ка се­ко­гаш ед­на­та стра­на е скри­е­на и не се гле­да.Гра­дот пр­во бил на­ре­чен Кра­тер, пре­и­ме­ну­ван во Кра­тис, па по­доц­на во Кра­то­во.

028 kratovo poseta

За под­зем­ни­теку­ли и ту­не­ли, ка­ко и за бег­ство­то на Са­ра по под­зем­ни­те ту­не­ли, се рас­ка­жу­ва ме­ѓу кра­тов­ци.

Ме­не ле­ген­да­та ми ја ка­жа Ко­це Ко­џа­ба­ши­ја. Во гра­дот жи­ве­ел крал со кра­ли­ца, а во бра­кот има­ле са­мо ед­но де­те, ќер­ка, мно­гу итра и па­ла­ва. Цел град се вос­хи­ту­вал на неј­зи­на­та итри­на. Дош­ло вре­ме Тур­ци­те да го за­зе­мат Кра­то­во ини­ка­ко не мо­же­ле да ја раз­би­јат Кра­ли­чи­на ку­ла. Поч­на­ле да фр­лат стре­ли со пла­мен во ку­ла­та и гор­ни­от дел поч­нал да го­ри.Кра­лот, кра­ли­ца­та и ќер­ка­та Са­ра ви­де­ле де­ка ќе би­дат по­гу­бе­ни и од­лу­чи­ле да по­бег­нат по под­зем­ни­те ход­ни­ци. Са­ра се ка­чи­ла на бал­ко­нот и вик­на­ла: „Кралс­тво пре­да­вам“ и го фр­ли­ла клу­чот од ку­ла­та. До­де­ка Тур­ци­те да го нај­датклу­чот за да отво­рат, Са­ра по­бег­на­ла со тор­ба злат­ни­ци, и от­то­гаш до де­нес ме­ѓу кра­тов­ци по­стои изре­ка­та: „Тур­ци ни па­ри наш­ле ни Са­ру наш­ле“.

Точ­но е де­ка по­стои Кра­ли­чи­на ку­ла. Оста­то­ци­те се вид­ли­ви и де­нес на ули­ца „Го­це Дел­чев“.По­стои и пре­да­ние де­ка има­ле лу­ксу­зен лет­ни­ко­вец во Кар­ши бав­ча и кај на­ро­дот по­стои пре­да­ние де­ка за вре­ме­то на Ко­ста­дин се за­са­де­ниче­ти­ри бо­ра во Кар­ши бав­ча.

Јас сум чул од ста­ри мај­сто­ри – нал­ба­ти, клин­ча­ри, ка­лај­џии -де­ка во Кра­то­во жи­ве­е­ле цар Ко­ста­дин и ца­ри­цаЕле­на, со ед­на уба­ва ќер­каКо­са­ра. За да спа­сат гла­ва, ца­рот из­бе­гал со ца­ри­ца­та и со ќер­ка­та во Ца­ри­но ма­а­ло, и та­му се за­сол­ни­ле, па оста­на­ле жи­ви иТур­ци­те не ги наш­ле. Та­ка сум чул, та­ка ви ка­жу­вам.Важ­но, под Цар­ска ку­ла има­ше клин­ча­ри, ка­лај­џии, нал­ба­ти, во­де­ни­ца.Од ку­ла­та и од Аса­нов мост или Са­рај­ски мостима оста­то­ци.Го­ле­ма во­да гоод­не­се мо­стот – рас­ка­жу­ва еден ста­рец кој ра­бо­тел ка­ко чи­рак кај еден од мај­сто­ри­те.

025 kratovo poseta

На­ско­ро ќе се ис­пи­ту­ва­ат под­зем­ни­те ту­не­ли, кои се под­го­тву­ва­ат да би­дат ту­ри­стич­ка атрак­ци­ја.

Ќе се истра­жу­ва­ат под­зем­ни­те ту­не­ли во гра­дот, кои во ми­на­то­то ве­ро­јат­но слу­же­ле за за­шти­та и за ева­ку­а­ци­ја на на­се­ле­ни­е­то од раз­лич­ни опас­но­сти. Тие би­ле по­вр­за­ни со ку­ли­те во гра­дот, од кои де­нес се со­чу­ва­ни пет: Си­ми­ќе­ва ку­ла, Зла­тко­ва, Са­ат-ку­ла, Кр­сте­ва и Емин-бе­го­ва и ед­на ку­ла до по­ло­ви­на (Ха­џи­ко­сто­ва) – ве­ли ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра, Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска, ко­јапо­со­чу­ваде­ка за истра­жу­ва­ње на ту­не­ли­те ќе би­депо­тре­ба­напо­мош од Оп­шти­на­таза­тоа што по­ве­ќе­то од ше­сте поз­на­ти вле­зо­ви во ту­не­ли­те се на при­ват­ни имо­ти.

Ќе сефор­ми­ра по­се­бен тим за ту­не­ли­те за да сеин­фор­ми­ра­ат ко­рис­ни­ци­те на про­сто­рот де­ка цел­та е си­те ту­не­ли да се отво­рат и да се ста­ват во ту­ри­стич­ка про­мо­ци­ја, до­да­вами­ни­стер­ка­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска.

022-kratovo-poseta

Ди­ре­кто­рот на Упра­ва­та за за­шти­та на кул­тур­но­то нас­ледс­тво,Ви­ктор Лил­чиќ,до­да­ва де­ка ту­не­ли­те се атрак­ци­ја за Кра­то­во за­што во Ма­ке­до­ни­ја ги има на мал­ку ме­ста и поз­на­ти се са­мо тие под Иса­рот во Штип и под Бал­те­пе во Те­то­во.

Овие се уни­кат­ни, а, спо­ред из­ве­шта­јот што го изра­бо­ти еки­па­та на УЗКН, се еви­ден­ти­ра­ни шест вле­за, нодоз­нав­ме де­ка има по­ве­ќе.До­се­га зна­е­ме де­ка се офор­ме­ни во ото­ман­ски­от пер­и­од, 18-19 век, а мо­же­би и по­ра­но ко­га се гра­де­ни ку­ли­те.Ту­не­ли­те трг­ну­ва­ле од ку­ли­те и во­де­ле низ ка­мен те­рен од по­ве­ќе сто­ти­ци ме­три во пра­вец на ко­ри­то­то на Кра­тов­ска Ре­ка. Проб­лем е што ту­не­ли­те се во при­ват­на сопс­тве­ност, а са­мо еден влез е во др­жав­на сопс­тве­ност -ве­ли Лил­чиќ.

pozdemni hodnici Kratovo 2

Би­деј­ќи до­се­га не е нај­ден отвор на ту­нел кој трг­ну­ва од не­ко­ја ку­ла, на­е­сен ќе поч­не ар­хе­о­ло­шко­то истра­жу­ва­ње на вна­треш­но­ста воне­кои од ку­ли­те.

– Да се открие ба­рем еден или два вле­за и да ви­ди­ме кол­ку мо­же­ме да ги про­би­е­ме.Има­ме по­да­то­ци де­ка еден ту­нел во­дел и 200 ме­три и во не­го вле­гу­ва­ле лу­ѓе.Тоа е им­пре­сив­но.Ту­не­ли­те што се отво­ре­ни се ма­ли ко­ри­до­ри, пра­во­а­гол­ни во про­фил, изд­ла­бе­ни во жи­ва кар­па -ве­лиЛил­чиќ.

Два­на­е­сет сред­но­ве­ков­ни ку­ли се ло­ци­ра­ни на ле­ва­та стра­на од Кра­то­во, а пет на дес­на­та.Са­мо шест од нив се со­чу­ва­ни, до­де­ка дру­ги­те се при­лич­но оште­те­ни.Нај­го­лем дел од ку­ли­те на­стра­да­ле за вре­ме на Кар­по­шо­во­то во­ста­ние.Зла­тко­ва ку­ла е нај­ста­ра и нај­бо­га­та, из­гра­де­на во 1365 го­ди­на.Име­то го до­би­ла спо­ред неј­зи­ни­от пос­ле­ден сопс­тве­ник, Ѓор­ги Зла­тков, кој ја ку­пил од Асан Ефен­ди­ја, спо­ред чие име до­то­гаш се на­ре­ку­ва­ла.Из­гра­де­на е од де­бе­ли ка­ме­ни ѕи­до­ви, ви­со­ка е око­лу шест ме­три.Има три ка­та и во неа се вле­гу­ва со по­мош на под­виж­ни ска­ли.На ју­го­и­сточ­ни­от ѕид се на­о­ѓа длаб­на­ти­на ко­ја би­ла ба­ња со са­ни­та­рен ја­зол.

4e58a5f47f7200084d74a9c7638fc428

Емин-бе­го­ва­та ку­ла е ви­со­ка око­лу 13 ме­три и ши­ро­ка шест ме­три.Вра­та­та е из­ве­де­на од дел­кан ка­мен.Дес­но од вле­зот, во вид на рог, е из­да­де­на пи­ра­ми­да ка­ко са­мо­сто­ен об­јект.Тоа би­ло ба­ња со то­а­лет.Ку­ла­та има три ка­та, пре­гра­де­ни со др­ве­на кон­струк­ци­ја.Де­бе­ли­на­та на вра­ти­те е по­го­ле­ма од оста­на­ти­те ку­ли и се отво­ра­ат вр­теј­ќи се око­лу де­бе­ли оски пот­пре­ни во ка­мен жлеб.На тре­ти­от кат има ка­мин, ни­ша, по­ли­ци и до­ла­пи за по­куќ­ни­на.

Сми­ќе­ва ку­ла е најз­на­чај­на­та, нај­ви­со­ка и нај­у­ба­ва ку­ла во Кра­то­во. Из­гра­де­на е во 1370 го­ди­на од то­гаш­ни­от вла­де­тел на Кра­то­во, ве­ли­ко­до­стој­ни­кот Ко­ста­дин Де­ја­нов. Во вна­треш­ни­от дел е по­де­ле­на на ка­то­ви, од кој нај­у­бав е че­твр­ти­от, со пре­кра­сен пог­лед на гра­дот. Во гор­ни­те де­ло­ви се стиг­ну­ва­ло пре­ку ту­нел­ски ка­ме­ни ска­ли сме­сте­ни на јуж­ни­от ѕид, та­ка што се до­би­ва впе­ча­ток де­ка по­се­ти­те­лот се дви­жи низ ту­нел.Во ку­ла­та има вкуп­но 69 ска­ли, освет­ле­ни со три ма­ли отво­ри, од кои тој на се­вер­ни­от ѕид слу­жел за наб­љу­ду­ва­ње,за­шти­тен со ка­мен штит.

Kratovo

На­ве­де­ни­те и дру­ги­те ку­ли и мо­сто­ви се ви­стин­ска ту­ри­стич­ка атрак­ци­ја и има­ат не­про­цен­ли­ва вред­ност.Ме­ѓу­тоа, без со­од­вет­ни сме­сту­вач­ки и уго­сти­тел­ски ка­па­ци­те­ти и дру­ги ус­лу­ги, ви­стин­ска­та вред­ност на овој град не ќе мо­же да се ва­ло­ри­зи­ра. Се­пак, во пос­лед­но вре­ме охра­бру­ва ре­но­ви­ра­ње­то на хо­те­лот „Кра­тис“, отво­ра­ње­то на по­ве­ќе ре­сто­ра­ни, уре­ду­ва­ње­то на реч­ни­те ко­ри­та, уре­ду­ва­ње­то на не­кол­ку тра­ди­ци­о­нал­ни ку­ќи за при­ем на ту­ри­сти и број­ни дру­ги актив­но­сти. Се­пак, не­оп­ход­но е до­бро ос­мис­лу­ва­ње на ту­ри­стич­ки­те актив­но­сти на овој про­стор би­деј­ќи на­ви­сти­на има што да се ви­ди во ра­ди­ус од са­мо 10-20 ки­ло­ме­три око­лу гра­дот.

Исто­ри­ча­ри­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка ку­ли­те, кои се ед­но од поз­на­чај­ни­те обе­леж­ја на овој град, се из­гра­де­ни во ви­зан­ти­ско вре­ме.

pozdemni hodnici Kratovo 1

За вре­ме на тур­ско­то ропс­тво, тур­ски­те го­лем­ци жи­ве­е­ле во нив. Вој­ска­та би­ла во дол­на­та про­сто­ри­ја, до­де­ка аги­те во гор­на­та, та­ка што би­ле мно­гу уба­во за­шти­те­ни од на­па­ди­те -об­јас­ну­ва­ат одГрад­ски­от му­зеј во Кра­то­во.

Си­теку­ли се по­вр­за­ни со под­зем­ни ход­ни­ци. Мно­гу лу­ѓе што ја зна­ат ле­ген­да­та за ца­ри­ца Еле­на и скри­е­но­то зла­то се оби­де­ле да го про­нај­дат зла­то­то, но не се знае да­ли не­кој ус­пе­ал да го нај­де.

– Кра­то­во е град на под­зем­ни ход­ни­ци, по­крај овие што ги по­вр­зу­ва­ат ку­ли­те, има и ход­ни­ци што во­дат до руд­ни­кот за зла­то. Има ед­на ле­ген­да за еден лов­џи­ја ко­му, вра­ќај­ќи се од лов, ку­че­то му про­пад­на­ло во ед­на дуп­ка.За­га­рот ис­чез­нал и лов­џи­ја­та по­мис­лил де­ка не оста­нал жив.Ко­га се вра­тил до­ма, ку­че­то ве­ќе би­ло та­му.Се прет­по­ста­ву­ва де­ка тоа ус­пе­а­ло да се сим­не во Кра­то­вопре­ку ход­ни­кот долг еден ки­ло­ме­тар -рас­ка­жу­ва­ат жи­те­ли­те.

Пишува: Невена Поповска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top