Седумдесет и четири годишната Д.И. од Пробиштип е жената која го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа која околу 8:40 се случила на патот Кратово – Пробиштип, кај местото викано Бигорска чешма, кратовско.
Во несреќата повредени се пет лица, двајца возачи и тројца сопатници.
До несреќата дошло при судир на „Рено Меган“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.С. (38) и „Фолксваген Пасат“ со штипски таблички со кој управувал 54 годишниот Р.Е. од Пробиштип.
Сите повредени лица биле пренесени во Медицинскиот центар во Штип, каде Д.И. им подлегнала на повредите.
На двајцата возачи им е укажана лекарска помош и се задржани во болницата, додека сопатниците К.Г. (45) од Пробиштип, Џ.Н. (43) од скопско Цветово и Р.А. (53) од Батинци се пуштени на домашно лекување по укажаната лекарска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.