Кратово е град за кој постојат голем број легенди.Една од нив е дека името го добил по тоа што бил изграден врз кратер од изгаснат вулкан.
– Тоа се гледа и по самите карпи на кои се изградени објектите во овој град. Нема куќа што не е направена со потпорен ѕид бидејќи целата површина е нерамна -раскажуваатжителите.Тие додаваат дека е најинтересно тоа што градот,иако е мал,не може да се види во целост и дека секогаш едната страна е скриена и не се гледа.Градот прво бил наречен Кратер, преименуван во Кратис, па подоцна во Кратово.
За подземнитекули и тунели, како и за бегството на Сара по подземните тунели, се раскажува меѓу кратовци.
– Мене легендата ми ја кажа Коце Коџабашија. Во градот живеел крал со кралица, а во бракот имале само едно дете, ќерка, многу итра и палава. Цел град се восхитувал на нејзината итрина. Дошло време Турците да го заземат Кратово иникако не можеле да ја разбијат Краличина кула. Почнале да фрлат стрели со пламен во кулата и горниот дел почнал да гори.Кралот, кралицата и ќерката Сара виделе дека ќе бидат погубени и одлучиле да побегнат по подземните ходници. Сара се качила на балконот и викнала: „Кралство предавам“ и го фрлила клучот од кулата. Додека Турците да го најдатклучот за да отворат, Сара побегнала со торба златници, и оттогаш до денес меѓу кратовци постои изреката: „Турци ни пари нашле ни Сару нашле“.
Точно е дека постои Краличина кула. Остатоците се видливи и денес на улица „Гоце Делчев“.Постои и предание дека имале луксузен летниковец во Карши бавча и кај народот постои предание дека за времето на Костадин се засаденичетири бора во Карши бавча.
– Јас сум чул од стари мајстори – налбати, клинчари, калајџии -дека во Кратово живееле цар Костадин и царицаЕлена, со една убава ќеркаКосара. За да спасат глава, царот избегал со царицата и со ќерката во Царино маало, и таму се засолниле, па останале живи иТурците не ги нашле. Така сум чул, така ви кажувам.Важно, под Царска кула имаше клинчари, калајџии, налбати, воденица.Од кулата и од Асанов мост или Сарајски мостима остатоци.Голема вода гооднесе мостот – раскажува еден старец кој работел како чирак кај еден од мајсторите.
Наскоро ќе се испитуваат подземните тунели, кои се подготвуваат да бидат туристичка атракција.
–Ќе се истражуваат подземните тунели во градот, кои во минатото веројатно служеле за заштита и за евакуација на населението од различни опасности. Тие биле поврзани со кулите во градот, од кои денес се сочувани пет: Симиќева кула, Златкова, Саат-кула, Крстева и Емин-бегова и една кула до половина (Хаџикостова) – вели министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, којапосочувадека за истражување на тунелите ќе бидепотребанапомош од Општинатазатоа што повеќето од шесте познати влезови во тунелите се на приватни имоти.
Ќе сеформира посебен тим за тунелите за да сеинформираат корисниците на просторот дека целта е сите тунели да се отворат и да се стават во туристичка промоција, додаваминистерката Канческа-Милевска.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство,Виктор Лилчиќ,додава дека тунелите се атракција за Кратово зашто во Македонија ги има на малку места и познати се само тие под Исарот во Штип и под Балтепе во Тетово.
– Овие се уникатни, а, според извештајот што го изработи екипата на УЗКН, се евидентирани шест влеза, нодознавме дека има повеќе.Досега знаеме дека се оформени во отоманскиот период, 18-19 век, а можеби и порано кога се градени кулите.Тунелите тргнувале од кулите и воделе низ камен терен од повеќе стотици метри во правец на коритото на Кратовска Река. Проблем е што тунелите се во приватна сопственост, а само еден влез е во државна сопственост -вели Лилчиќ.
Бидејќи досега не е најден отвор на тунел кој тргнува од некоја кула, наесен ќе почне археолошкото истражување на внатрешноста вонекои од кулите.
– Да се открие барем еден или два влеза и да видиме колку можеме да ги пробиеме.Имаме податоци дека еден тунел водел и 200 метри и во него влегувале луѓе.Тоа е импресивно.Тунелите што се отворени се мали коридори, правоаголни во профил, издлабени во жива карпа -велиЛилчиќ.
Дванаесет средновековни кули се лоцирани на левата страна од Кратово, а пет на десната.Само шест од нив се сочувани, додека другите се прилично оштетени.Најголем дел од кулите настрадале за време на Карпошовото востание.Златкова кула е најстара и најбогата, изградена во 1365 година.Името го добила според нејзиниот последен сопственик, Ѓорги Златков, кој ја купил од Асан Ефендија, според чие име дотогаш се нарекувала.Изградена е од дебели камени ѕидови, висока е околу шест метри.Има три ката и во неа се влегува со помош на подвижни скали.На југоисточниот ѕид се наоѓа длабнатина која била бања со санитарен јазол.
Емин-беговата кула е висока околу 13 метри и широка шест метри.Вратата е изведена од делкан камен.Десно од влезот, во вид на рог, е издадена пирамида како самостоен објект.Тоа било бања со тоалет.Кулата има три ката, преградени со дрвена конструкција.Дебелината на вратите е поголема од останатите кули и се отвораат вртејќи се околу дебели оски потпрени во камен жлеб.На третиот кат има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина.
Смиќева кула е најзначајната, највисока и најубава кула во Кратово. Изградена е во 1370 година од тогашниот владетел на Кратово, великодостојникот Костадин Дејанов. Во внатрешниот дел е поделена на катови, од кој најубав е четвртиот, со прекрасен поглед на градот. Во горните делови се стигнувало преку тунелски камени скали сместени на јужниот ѕид, така што се добива впечаток дека посетителот се движи низ тунел.Во кулата има вкупно 69 скали, осветлени со три мали отвори, од кои тој на северниот ѕид служел за набљудување,заштитен со камен штит.
Наведените и другите кули и мостови се вистинска туристичка атракција и имаат непроценлива вредност.Меѓутоа, без соодветни сместувачки и угостителски капацитети и други услуги, вистинската вредност на овој град не ќе може да се валоризира. Сепак, во последно време охрабрува реновирањето на хотелот „Кратис“, отворањето на повеќе ресторани, уредувањето на речните корита, уредувањето на неколку традиционални куќи за прием на туристи и бројни други активности. Сепак, неопходно е добро осмислување на туристичките активности на овој простор бидејќи навистина има што да се види во радиус од само 10-20 километри околу градот.
Историчарите раскажуваат дека кулите, кои се едно од позначајните обележја на овој град, се изградени во византиско време.
– За време на турското ропство, турските големци живееле во нив. Војската била во долната просторија, додека агите во горната, така што биле многу убаво заштитени од нападите -објаснуваат одГрадскиот музеј во Кратово.
Ситекули се поврзани со подземни ходници. Многу луѓе што ја знаат легендата за царица Елена и скриеното злато се обиделе да го пронајдат златото, но не се знае дали некој успеал да го најде.
– Кратово е град на подземни ходници, покрај овие што ги поврзуваат кулите, има и ходници што водат до рудникот за злато. Има една легенда за еден ловџија кому, враќајќи се од лов, кучето му пропаднало во една дупка.Загарот исчезнал и ловџијата помислил дека не останал жив.Кога се вратил дома, кучето веќе било таму.Се претпоставува дека тоа успеало да се симне во Кратовопреку ходникот долг еден километар -раскажуваат жителите.
Пишува: Невена Поповска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.