| четврток, 6 декември 2018 |

Металург и Силекс и по четвртото коло остануваат непоразени

Во првите натпревари од четвротото коло во ПМФЛ Металург како домаќин ја пречека Шкендија на стадионот во Ѓорче Петров. На овој натпревар беа постигнати два гола, по еден на двете страни.
Металург поведе со со голот на Радевски во 17 минута по асистенција на Тантуровски. По само девет минути игра беше досуден пенал за Шкендија. Во казнетиот простор беше соборен Вручина кој сам го изведе пеналот и го израмни резултатот. До крајот на натпреварот Шкендија ја имаше иницијативата, но тимот што има аспирации за освојување на титулата оваа година не успеа со полн плен да се врати во Тетово.

Во вториот натпревар кој се одигра на арената Филип Втори Работнички и Силекс одиграа без голови. Актуелниот шампион на Македонија, Работнички, напаѓаше со сите сили на голот на Силекс, но добро организираната одбрана на гостите од Кратово успешно ја заврши работата и не капитулираше до самиот крај. Со овој резултат Силекс и по четвртото коло од новиот шампионат остана непоразен.

Во останатите натпревари од четвртото коло утре се среќаваат: Ренова – Пелистер, Тетекс – Вардар и Турново – Брегалница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top