Поради новонастанатата ситуација, фудбалското дерби меѓу Пелистер и Вардар, е одложено за в среда, со почеток во 14 часот. Мечот требаше да се игра утре во Битола.
Министерството за внатрешни работи поради дополнителен ангажман на специјалните сили за интервенции побара одлужување.
“Имајќи ја во предвид безбедносната состојба, а со цел да не се создадат услови за предизвикување на насилство и недостојно однесување на натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар и насилството да се прелее низ градот Битола, Министерстовото за внатрешни работи се обрати до ФФМ со барање натпреварот помеѓу наведените фудбалски клубови кои требаше да се одигра на 03.03.2013 година да се одложи“, се вели во барањето на МВР.
Мечот меѓу Пелистер и Вардар е специфичен, поради големиот ривалитет на двете навивачки групи, „Чкембари“ кои се фанови на битолскиот тим и скопските „Комити“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Спасени четворица кои биле завеани од снег на Пелистер
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)