| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на Церар со три партии

MIRO CERARНовата словенечка влада предводена од Миро Церар ќе ја сочинуваат три политички партии, кои на предвремените парламентарни избори на 13 јули заедно освоија 52 места во 90-члениот Парламент на Словенија.

Како што јавија денеска словенечките медиуми, новата владина коалиција во Љубљана ќе ја сочинуват Партијата на Миро Церар (СМЦ), Демократската партија на пензионерите на Слованија (ДЕСУС) и Социјалните демократи (СД).

Во текот на преговорите за формирање на владата се споменуваше можноста во неа да учествува и Алијансата на актуелната премиерка Аленка Братушек – ЗААБ, но Церар реши да не и понуди места во владиниот кабинет.

Церар најави дека новата влада најверјатно ќе има 15 министри, од кои 10 ќе и припаднат на неговата партија, а остантите пет ќе ги добијат помалите коалициски партнери.

Засега не е позната платфорамата на новата влада, но медиумите наведуваат дека таа ќе мора да се насочи кон финансиска стабилизација на земјата и реформа на државната администрација. Пред Словенија треба да претстои и приватизација на некои од државните претпријатија, но тој процес останува неизвесен, имајќи предвид дека Церар во предизборната кампања се залагаше против продажба на државните монополски компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top